Хрватскиот завод за јавно здравство објави препораки за капење во море и препораки за работа на базенски капалишта и водени паркови.
На видливи места на влезот, како и во самиот простор каде престојуваат посетители мора да се постават информации за хигиенските постапки и насоки за правилно однесување и мерки за заштита кои треба да се почитуваат. Ако е возможно, може и преку разглас да се пуштаат пораки, за посетителите да се потсетат на нивните обврски.
Максимален број на луѓе во простор – Максимален број на лица во морските и слатководните капалишта е 15 лица на 100 квадрати.
Физичка оддалеченост – За сите посетители и вработени важи правилото за физичка дистанца од 1,5 метри.
Дезинфекција на раце – На видливи места нужно е да се постават дезинфекциони средства (на база на алко*ол во концентрација од 70% или друго средство кое делува на болести, соодветно за кожа).
Лежалки – Концесионерот треба да ги одвои лежалките овозможувајќи физичка дистанца, да ги дезинфицира лежалките неколку пати дневно, а задолжително откако некој гостин ќе си замине, пред да ја користи друг гостин.
Одлагање на отпад – На сите отворени простори треба да има канти за отпад со капак.
Користење на вода – При престојот во вода да се одржува физичка дистанца од 1,5 метри.
Одржување на хигиена на санитарни јазли – Потребно е почесто да се дезинфицираат санитарните простори, на два часа, а по потреба и почесто.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)










![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

