Едно лице загина, а пет се повредени од кои две деца во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево.
МВР информира дека се судриле патнички возила „Опел aстра“ со кичевски регистерски таблички управувано од А.К. (32) од Кичево и „Мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Х.Р. (45) од струшкото село Велешта со живеалиште во Германија.
Во незгодата Х.Р. се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што во 23:40 часот починал. Со повреди се здобиле возачот на „опелот“ А.К., сопатникот од истото возило Х.С. (39) од Кичево, како и сопатниците од возилото „Мерцедес“ – Б.Р. (42) и две деца на возраст од осум и 14 години кои биле пренесени и задржани на лекување во болницата “Свети Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











