Снимката од таткото кој во последен момент ја спасил ќерката од пад од креветчето стана хит на интернет. Иако видеото настанало минатата година, снимката дури сега се прошири на социјалните мрежи.
Тој ден таткото бил со своите ќерки во детската соба, а едната од нив била во креветчето, додека другата гледала цртани филмови на лаптоп. Таткото седел на столче за лулање и гледал во својот мобилен телефон кога девојчето се качило на играчката која ја имала во креветчето и се наведнало преку решетката.
Во моментот кога почнало да паѓа, таткото брзо скокнал од столчето, го фрлил телефонот од раце и го фатил детето.
“Никој не е совршен и мило ми е што бев таму тој ден, иако гледав во мобилниот телефон. Децата се брзи, но нашите рефлекси мора да бидат побрзи бидејќи ова не е првпат да ја спасам, а веројатно не е ни последен”, изјавил таткото подоцна.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











