Премиерот, Зоран Заев, даде кратка изјава среде преговорите со останатите политички партии во Клубот на пратеници, во која рече дека едногласно се договориле денеска да завршат преговорите. Како тие ќе завршат, додаде тој, зависи од учесниците на преговарачката маса.
Заев рече дека останува лидерите да се договорат за референдумот.
-За овие три лидерски средби требаа нерви, трпение и многу мудрост. Јавноста треба да знае. Пруживме рака и разбирање, но имаме и почит кон нашиот неприкосновен принцип. Пред потпишувањето на договорот со Грција, беа прифатени услови за избор на ДИК, уште пред лидерските средби работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усоглсија текстот на нов закон за финасирање на политичките партии со предлозите на опозицијата. Прифатме да се направат законски измении кои ќе овозможат техничка вадла да да ги спроведува парламентарните изброри во иднина согласно формата која што ја имаше пржинската влада – рече Заев.
Тој додаде дека следно за што ќе се преговара е како ќе гласи прашањето за референдумот, неговиот карактер и датумот.
-Ова го правиме како владејачко мнозинство за заради важноста на овој процес. Продолжуваме понатаму. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ – рече Заев.
Тој најави дека ќе одговара на новинарски прашања на следната прес конференција која ќе се одржи по завршување на лидерската средба.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



