Вчера, на неговиот роденден, Жељко Јоксимовиќ во живо одржа прекрасен велигденски концерт за да ги развесели своите сограѓани и да им упати благодараност на медицинските лица кои се борат со коронавирусот.
Пред зградата на Собранието во Белград, 48-годишниот пејач изведуваше бројни свои музички хитови.
„Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова пред настап, но денес, мојата основна порака е – благодарам на сите кои нема да бидат на мојот концерт. Знам дека звучи чудно, но да се биде сам денес е најголем придонес што секој од нас може да го даде за нашата заедница“ – вели Јоксимовиќ.
Погледнете го целосниот концерт:
Концертот на Жељко е прв од низата музички настапи кои ќе се одржат под називот „Белград победува“.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















