Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Дарко Панчев, во онлајн-гостување во утринскате емисија „Ја сакам Македонија“ на Сител, изјави дека се глупави споредбите што се прават за платите на фудбалерите и на докторите, затоа што, како што истакна, тие работи не треба да се мешаат
Како што вели Панчев, Роналдо и Меси можат во кој било фудбалски клуб да продадат по пет милиони дресови, а доктор не може да продаде пет милиони бели мантили.
– Луѓето треба да бидат свесни дека во светот играат 10 милиони професионални фудбалери и дека само 10.000 од нив земаат големи плати, а останатите 9.990.000 фудбалери имаат ниски плати. Ако ви кажам колкава плата земаат играчите во македонската лига, ќе се смеете. Но, фудбалот е нешто планетарно и не можете да го ставате во овие категории. Големите плати доаѓаат со популарноста. Фудбалот не е виновен поради тоа што лекарите земаат мали плати. Виновни се владите и институциите. Секако дека треба здравствените работници да имаат многу повисоки плати – вели Панчев.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















