Продавниците во Русија забележуваат зголемена побарувачка на ѓумбир, како последица на пандемијата на коронавирусот, соопштиле претставниците на „X5“ трговското друштво и ланец на супермаркетите „Магнит“.
„Забележуваме зголемана побарувачка на ѓумбирот, затоа што купувачите поради желбата да се заштитат себеси од инфекција на коронавирусот, бараат начини како да го зајакнат својот имунитет“ – вели претставнкот на „Магнит“ маркетите, а пренесуваат од „TASS“.
Претставниците на наведените компании велат дека се обидуваат да договорат увоз на ѓумбир од другите земји затоа што епидемиолошката ситуација во земјите од кои што традиционално се увезува оваа намирница, моментално е неповолна поради пандемијата.
Инаку, ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно-лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











