По секојдневните апели до граѓаните,особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина, и да носат заштитна опрема како ракавици и маска а и самиот тој не носи а ги советува??? Па ние се прашуваме каков пример им дава на возрасните и на младите, кога и самиот тој не се придржува на препораките за заштита?

Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома….

Наведува дека избрал да оди без маска и ракавици затоа што го почитувал растојанието од најмалку еден метар.

„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде сосотојбата беше многу позитивна. Проблем се пензонерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“,напиша Рама.

„Не ме прашувајте зошто немам маска и ракавици“, додава Рама и објаснува: „Повторувам дека маската и ракавиците не се за пешаците, туку за болните, за оние кои се грижат за заболено лице или оние кои имаат можности за близок контакт воопшто … Пешаците доволно е да се придржуваат кон правилата, особено растојанието од еден метар, да не се ракуваат, да киваат и кашлаат според препораката“, пишува Рама.














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















