Додека пандемијата од коронавирусот ја држи во карантин Италија, најпогодената земја во Европа, Италијаните пронаоѓаат разни начини да го задржат позитивниот дуг.
И додека многумина излегле на балконите и запеале, односно засвиреле, најдобриот стрелец од Серија А и неговата сопруга покажаа дека нив не им е здодевно.
Чиро Имобиле оваа сезона постигна 27 голови и убедливо е во водство пред второпласираниот Кристијано на листата на стрелците, а неговата сопруга Џесика Мелена сега покажа како парот го поминува времето во карантин.
Напаѓачот на Лацио и неговата сопруга го поминуваат времето со музика и танц, а учествувале и во виралниот предизвик со подготовка на торта, со што изненадија многу фанови на фудбалот.
30-годишниот фудбалер и неговата подеднакво возрасна сопруга, во брак се од 2014-та година и имаат три деца. Џесика на Инстаграм ја следат повеќе од 900.000 следачи, кои редовно ѝ делат комплименти за нејзиниот изглед.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















