Го победија коронавирусот: Данецот не бил во болница и не примал лекарства, а Шпанецот има порака за сите…

968

Данецот Јакоб Таге Рамлинг беше заразен со коронавирус, но болеста била блага – тој најмногу се загрижил дали во меѓувреме заразил други луѓе.

45-годишниот новинар беше првиот Данец позитивен на коронавирусот кој се заразил додека бил на одмор во северна Италија. Нешто помалку од две седмици откако поминал во домашна изолација, тестовите покажале дека веќе е здрав.

„Имав благи симптоми, главоболка, болка во грлото и кашлица. Беа потребни пет или шест дена за тоа да помине. Не бев во болница, не примав никакви лекови, ми беше добро“, изјави Рамлинг за данските медиуми.

Коронавирусот се покажа како најопасен за постарите лица, како и за хронично болните. Знаејќи дека вирусот може да биде фатален, Рамлинг најмногу бил загрижен за тоа дека можеби го пренел вирусот на други лица.

„Не сакав да бидам тој поради кој други луѓе ќе бидат заразени. Тоа беше мојата најголема грижа и мислам дека тоа е најголемата грижа на заразените – не сакаме тоа да се шири. Попрво ќе останам дома една седмица или две ако на тој начин можам да спречам некој да се зарази“, изјави данскиот новинар.

Нил Моно, 22-годишен Шпанец кој за себе вели дека е млад и здрав, бил позитивен на коронавирусот по враќањето во Барселона од модната недела во Милано. И тој исто така порачува дека симптомите можат да бидат благи.

„Малку покачена температура, главоболка, општо чувство на непријатност. Секој би помислил дека тоа е обична настинка. Сакам да ги смирам луѓето. Ако сте млади, следете ги препораките на надлежните. Ако сте постари, бидете внимателни. Не одите на случувања со многу луѓе и добро внимавајте на хигиената.