Миа Костова на социјалните мрежи, поточно на свитете Инстаграм приказни објави прилично потресен пост. Во него русокосата водителка им се заблагодарува на сите кои бргу интервенирале за загрозеното здравје, а веројатно во еден момент и животот на Миа, бргу да се вратат во стабилна состојба.

Што точно се случувало останува во доменот на лекарската етика, но едно е сигурно: Престојот на Миа во Охрид завршил трауматично, а за малку, скраја да е, можел да заврши и фатално!

Она што е познато е дека Миа Костова со друшво, во придружба на нејзината мајка и синчето Андрија уживале во убавините на македонскиот бисер, меѓудругото и во неговата гастрономска понуда во неколку познати ресторани. Непријатната случка се случила во ресторанот лоциран на изворите на Црн Дрим покрај манастирот Свети Наум, каде Миа со своите најблиски и друштвото седеле.

Во еден момент на водителката „светот и се свртел наопаку“, по што само присебноста на вработените од ресторанот, нејзината пријателка Тијана Скулиќ и брзата интервенција, стручност и посветеност на Брзата помош од Охрид спречиле катастрофа.

Покрај благодарноста до сите меѓу кои и нејзините најмили, Миа од охридската траума ја извлече можеби и најважнта поука во животот: „Да подзакочи, во секоја смисла на зборот“!

Алармот е вклучен, рачната крената, а Миа, која имаше доблест да ја објави јавно непријатната случка и да им се заблагодари на сите што и помогнале, оди понатаму… со едно големо: „Ве сакам!“















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















