Живко Мукаетов, претседател на Управен Одбор и генерален директор на фармацевтската компанија „Алкалоид“ купил 500 обични акции на компанијата.
Ова „Алкалоид“ го објави како ценовно чувствителна информација преку Македонската берза, со оглед што станува збор за извештај за промена на сопственост на член на Управен одбор и лица со посебни одговорности и овластувања.
„Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управен Одбор и Генерален директор на Алкалоид АД Скопје, се стекна со 500 обични акции издадени од ‚Алкалоид АД Скопје’“, се вели во објавата на берзата.
Во моментов, акцијата на компанијата „Алкалоид“ на берзата има просечна цена од 13.096 денари.
Цената на акцијата на „Алкалоид“ од почетокот на минатата година па досега постојано има нагорен тренд, покажуваат податоците од Берзата.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











