Најголемиот научник на сите времиња и еден од најзначајните умови кои некогаш живееле, Никола Тесла, починал сам и заборавен на Божиќ, 7-ми јануари 1943-та година во хотелска соба во која што живеел во Њујорк.
Малкумина знаеле дека имал последна желба како и дека денес постои видео снимка од неговиот погреб на кој присуствувале над 2.000 луѓе.
Никола Тесла починал сиромашен и во долгови. Во официјалните документи пишува дека смртта настапила на 7-ми јануари 1943-та година во 22 часот и 30 минути.
Имал 87 години и околу 100 патенти и пронајдоци кои му донеле слава, но не и богатство.

На погребот на Тесла присуствувале над 2.000 луѓе. Во поворката која се одвивала два дена кон погребалната Сали Медисон авенија имало службеници, јавни личности, нобеловци, но и многу обични граѓани кои се восхитувале на овој гениј.
„Никола Тесла почина. Почина сиромашен, но беше еден од најкорисните луѓе кои некогаш живееле. Тоа што го создаде е големо и како што поминува времето станува поголемо“ – Фројело ла Гвардија, тогашен градоначалник на Њујорк.
Комеморацијата ја пренесувале од „Радио Њујорк“, а сите големи медиуми објавиле за “заминувањето“ на генијот.
Желбата на Тесла била на неговиот погреб да биде испратен со музика. Барал две песни – композицијата на Шуберт „Аве Марија“ и за крај „Тамо далеко“.
За ова сведочи звучниот запис кој е сочуван до ден денес во њујоршката архива.
Телото на научникот е кремирано.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















