Ние, левичарите, демократите и прогресивните граѓани, го поддржуваме Договорот, бидејќи сме против национализмот и ревизионизмот и се залагаме за мирно, солидарно, европско, балканско соседство, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и верските тензии, пишува во текстот потпишан од над 320 грчки интелектуалци, меѓу кои универзитетски професори, новинари, писатели, за поддршка на Договорот од Преспа.
Потписниците сметаат дека решението меѓу Македонија и Грција „ја обезбедува иднината на народите од двете земји, но и балканското соседство со мир, солидарност и заеднички развој“, целосно одговара на грчките позиции за сложено име со географска одредница и „јасно ги одредува политичките, историските и културните граници меѓу грчката Македонија и Северна Македонија“.
– Ги почитува достоинството и правото на самоопределување на соседната земја. Го потврдува јазичниот договор (како што е признаено од нашата земја веќе со децении) и државјанството на соседната земја и ја покажува во пракса волјата на Грција за градење на стабилна иднина на пријателство и мир со „Северна Македонија“. Грција, како демократска и европска земја ги почитува одлуките и основните принципи на ОН, пишува во текстот.
Според грчките медиуми, својот потпис досега го ставиле вкупно 326 лица, а потпишувањето продолжува.
Меѓу потписниците има универзитетски професори, новинари, историчари, актери, режисери, писатели, адвокати …, јави дописничката на МИА од Атина.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















