Две чесни сестри од своето мисионерско патување на Сицилија се вратија во блажена состојба, објави магазинот „Сан“. И двете по потекло се од Африка, а едната од нив била шефица. Според АНСА, оваа чесна сестра по потекло е од Мадагаскар и била испратена да се грижи за стари луѓе.
Кога се вратила од патот веќе била бремена цел месец.
Другата чесна сестра има 34 години и завршила во болница поради силни болки во стомакот, а докторите веднаш забележале дека е во блажена состојба.
Потоа од манастирот е испратена во околината на Неброди во Палермо, не е познато кои се татковците.
Британскиот весник „Сан“ се повикува на извори од Рим блиски до католичката црква и објавија дека сестрите морале да го напуштат манастирскиот живот.
Покрената е истрага. И двете го прекршиле целибатот, но сега доброто на нивните деца е најголем приоритет, вели изворот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















