Каде има добра забава, таму е и нашата најпозната ТВ водителка Лила Филиповска.
Изминатиот викенд таа реши малку да опушти душа во кафеана и тоа на настап на фолк легендата Наум Петрески, кој секоја сабота настапува во ресторанот Лантерн на Боемска 2.
Кога Лила е гостинка и тоа врвно расположена, тогаш целиот фокус е на неа, а музичарите и го направија кефот да и ја отсвират омилената „Лична Јовано“.
ФОТО:ЛИЛА ФИЛИПОВСКА/ИНСТАГРАМ
Грлото ненапеано од душа и пееше на Лила, додека таа играше до виолинистот кој свиреше пред нејзината маса.
-Кога пее најдобриот, па уште кога ќе ти ја отпее омилената песна, а и овој виртуоз на виолина прави додатен штимунг … фала момци, пишува Лила во описот на снимката која ја објави на својот Инстаграм профил.
Расположението беше на ниво, Наум пееше од срце, а и како да не кога има ваква секси и позната гостинка, тогаш желбите мора да и бидат исполнети, а резултатот- момент за паметење!
извор Вистина.мк














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















