Како против Келце: Кокшаров откри една добра и една лоша вест

725

Проблемите со кои се соочува Вардар во последно време во однос на повредите на играчите бара од тренерот Едуард Кокшаров да најде седморка на теренот што ќе може да победи надминувајќи го она што го мачи тимот во моментов..

Во таква ситуација веќе не е важно која е твојата природна позиција туку на која позиција си му потребен на тимот. Така, крилата играат бекови, влегуваат на пикер, и се со цел да се победи.

Вардар во тоа успева, и во меч од 7 коло на СЕХА Газпром лигата „црвено-црните” со 44-37 го победија Мотор Запорожје. Сега нашиот тим е лидер со 18 бода, три повеќе од украинскиот првак на три кола до крај на регуларниот дел од сезоната.

Кокшаров отрки една добра и една лоша вест. Добро е што Кристопанс веројатно ќе го има за дуелот во Полска што не е случај со Германецот Дисингер.

„И пред натреварот кажав дека имаме планови и сакавме денеска малку да одмориме некои од играчите. Мотор покажа добра игра и 40 минути моравме да ги држиме главните играчи на терен. Се виде дека од бековската линија ни остана само Сташ Скубе. Повторно моравме со крилни играчи да играме на бековска позиција. Сепак, ситуацијата е таква и сега мораме да се насочиме кон дуелот против Келце. Неизвесно е што и како ќе се случува и за реваншот. Може да биде подготвен Кристопанс, но неизвесно е и како ќе биде со Дисингер. Сепак, ние нема да запреме без разлика на составот. Ако треба ќе играме и со голмани на бековската позиција, важно е да победуваме”, изјави Едуард Кокшаров,