53-годишниот унгарски возач на камионот-цистерна загина во средата во Словенија откако автомобил Опел Корса со кој управувал 41-годишен Словенец при претекнување удри во камионот и буквално го исфрли од автопатот.
Камионот после судирот со малата Корса ја проби заштитната ограда и од висина од 20 метри падна на патот под надвозникот. Несреќата се случила на љубљанската обиколница, пренесува словенски Klip.si.
41-годишниот Словенец удрил во камионот поради неприлагодена брзина, а во сообраќајната несреќа помина без повреди.
Судирот и падот на камионот исто така предизвика и материјална штета, а во несреќата било оштетено уште едно возило и патната инфраструктура.













![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)




















![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-100x70.jpeg)

