Сите сакаме новата година да ни почне среќно, успешно и мотивирано, а за таа цел мора соодветно да ја завршиме оваа.
За да може да бидете мирни на почетокот од новата година, важно е да ги завршите сите обврски кои ги одолговлекувавте во текот на оваа година.
Многу работи некогаш ги забораваме, но потсвесно, ни стојат и ни тежат како незавршена обврска, или доколку се работи за некорисни предмети, ни зафаќаат непотребно место.
Затоа, пред самиот крај на оваа година, исчистете ги шкафчињата и полиците и ослободете се од сите непотребни работи – фрлете ги или подарете ги некому.
Кои се тие?
Стари весници, истечени гаранции, стари фискални сметки и сите хартии кои не ви се потребни

Храна, зачини, лекови и козметика со истечен рок

Скршени предмети во домаќинството, уништена облека и чевли

Подароци кои никогаш не сте ги употребиле, стојат во кутија или фаќаат прашина

Работи кои ги чувате за во иднина – мала облека, садови за гости, облека за кога ќе се врати во мода

Спомени од минатото – стари писма, подароци од бивши, играчки, билети од настани












![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















