И Ален Исламовиќ од легендарните Бјело Дугме се прости од Влатко Илиевски. Познатиот пејач на својот Фејсбук профил напиша:
“Почина Влатко Илиевски, музичар, актер, пејач…Македонско момче со добро, златно срце и искрен пријател. Кога во Белград ме праша како да влезе во Комбанк Арената и да го слуша концертот на Дугме му реков да не се грижи, дека јас ќе излезам по него и така и направив. Ја сакаше музиката повеќе од себе, а таа за жал колку што дава, толку и одзема. Музиката е сјај, богатство и рај, но за жал и пекол во кој можеш да потклекнеш. Вечна слава друже”, стои во постот на Исламовиќ за кој Илиевски додека беше жив во повеќе наврати имаше потенцирано дека е еден од неговите омилени вокали и често знаеше да ги пее песните на Дугме.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















