Демонстрантите на Хаити ги блокирале улиците, а многу од нив ги оштетиле или ограбиле продавниците кои веќе трети ден се затворени поради протестите организирани поради одлуката на владата да ја зголеми цената на горивата.
Во главно младите учесници на протестот ги блокирале улиците со големи гранки и камења, некои палеле гуми, а не некои места биле и запалени автомобили, пренесува “Reuters”.
Полицијата употребила солзавец за да ги растера големиот број на незадоволни млади луѓе.

Протестите почнале во петокот, кога Министерството за трговија и економија најавило зголемување на цената на бензинот за 38 проценти и 47 проценти за дизел.
Таа одлука е дел од договорот со Меѓународниот монетарен фонд, кој од државата бара мерки за штедење.











![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)



















