Во моментов нема активни пожари во Скопје и околината. Синоќа се изгаснати шумските пожари во селата Љубин и Кондово, Општина Сарај, што беа активни во текот на вчерашниот ден.
Како што информираат за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје, пожарот во Кондово бил изгаснат синоќа во 23.30 часот, а во Љубин во 22.10 часот. Пожарникарите беа на терен повеќе од 14 часа и ефективно работеа.
Од Противпожарната единица на Град Скопје апелираат граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)




















