Шарлиз Терон и Хелен Мирен ќе ги повторат своите улоги во „Брзи и бесни 9“, објави на Инстаграм глумецот Вин Дизел, главниот протагонист од претходните осум дела од приказната.
И двете се појавија во осмиот филм од серијалот пред две години – Терон како главната негативка, кибертерористката Сајфер, а Мирен како мајката на ликот на Џејсон Стејтам, терорист кој „премина на праведната страна“.
Двејн Џонсон и Стејтам, односно „Хобс и Шо“, „се одметнаа“ од тимот и снимија свое спин-оф продолжение на сагата, па најверојатно нема да ги видиме во „Брзи и бесни 9“. Ликот на Мирен – Магделен Шо е дел и од „Хобс и Шо“.
Деветтиот филм од серијалот „Брзи и бесни“ својата премиера ќе ја има во мај 2020 година.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















