„Никогаш не одете во кревет лути“ и „Насмевката е најдобриот лек“ се само некои од советите кои наводно гарантираат среќна и стабилна врска. Но, дали навистина делуваат? Еден експерт за брак кој повеќе од 40 години се занимава со проучување на врските и браковите, тврди дека ја пронашол формулата за вечна љубов.
Формулата за љубовна среќа лежи во размерот 5:1. Барем така тврди доктор Џон Готман, светски признат експерт за брак и професор по психологија на Универзитетот во Вашингтон.
Имено, Готман 4 децении ги проучувал врските и дошол до заклучок дека тајната на среќниот брак лежи во тоа на секоја негативна интеракција да имате 5 позитивни интеракции. Доктор Готман кој напишал многу книги посветени на оваа тематика, своето откритие го нарекува „теорија на рамнотежата во врската“.
Готман вели: „Се додека во врската има повеќе позитивни интеракции пропорционално споредени со негативните интеракции, врската има повеќе шанси да биде стабилна.“ Позитивните интеракции можат да бидат и ситници како на пример насмевка и прегратка, поставување прашања и изјави на љубов, додека под негативни интеракции се подразбираат работи како на пример кавги и критики.
Според Готман, ако направите нешто негативно со коешто сте ги повредиле чувствата на партнерот, морате да му се оддолжите со 5 позитивни работи. Заклучокот е дека иако за стабилноста на врската е потребна мала количина негативност, сепак позитивноста е тоа што ја одржува врската.
Готман препорачува дека помеѓу останатото, паровите треба почесто да си изразуваат благодарност. „Партнерите секојдневно би требало да си изразуваат благодарност и почит, а тоа сите понекогаш забораваме да го направиме.“

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

