Во едно од складиштата во „Донг Ксуан“ центарот во берлинската населба Лихтенберг избил пожар.
Пламенот се проширил од еден контејнер низ целото складиште со големина од 5.000 метри квадратни, соопштиле од пожарникарната служба.
Пожарот во меѓувреме го зафатил и соседното складиште, пренесуваат од „Berliner cajtung“.
За гасењето на пожарот ангажирани биле повеќе од 150 пожарникари.
Fire in #dongxuancenter #Berlin. May everyone be safe! pic.twitter.com/88uRYKCzis
— Fahad Malik (@malikfaadi) July 4, 2019
„Се плашиме од пламенот кој доаѓа од сите страни. Станува збор за голем простор, поради тоа пожарот ќе мора да го гасиме со часови“ – изјавил портпаролот на пожарникарната служба. Засега нема извештај за повредени.
Еден од проблемите со кој се соочуваат пожарникарите е оддалеченоста на хидраната за вода.
„Во овој момент не можеме да влеземе во зградата која гори, а пожарот можеме да го гасиме само од споредните страни“ – изјавил портпаролот.
Пожарот сè уште не е ставен под контрола. Големиот црн облак од чадот над Берлин може да има последици по здравјето на луѓето. Поради тоа пожарникарите ги повикале локалните жители да ги затворат прозорите и вратите и да ги вклучат системите за вентилација во нивните домови.