Нов ден, нова понуда и нов клуб во игра за Елмас – Турците открија уште еден интерес за Македонецот

827

Се чини да нема ден, а македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас да не биде споменат со можен трансфер во некој од европските гиганти.

Денес, турски „Споркс“, повикувајќи се на информациите кои ги објавија дел од шпанските медиуми, истакна дека новиот шеф на стручниот штаб на Севиља, Хулен Лопетеги го поставил Елмас на врвот од своите желби на трансфер листата по која тој ќе се раководи ова лето.

Екс предвдникот на Реал Мадрид во Македонецот гледа мета број еден во летниот преоден рок, интересот за Елмас од ден на ден расте, а според досега објавените информации низ медиумите, Фенербахче ќе има тешка мисија да го задржи до идната сезона.

Овој летен преоден рок младиот Елмас од Фенер го поврзуваат и со италијански Интер, Наполи и Фиорентина, како и со Атлетико Мадрид, а еве сега и со Севиља.