Нови нелегално прислушувани разговори се појавија во јавноста во изминатите 12 часа. На Фејсбук се објавени нови шест разговори, од кои пет се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани.
Една е на македонски јазик и како што е објавено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков. Зборуваат за тогашниот заменик министер во МВР, Блерим Беџети, кој барал да се казнат припадници на Алфите, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.
Според напишаното од објавувачот, ова е само почеток и ќе следуваат објави на уште прислушувани разговори, кои тој тврди дека ги добил од лица кои се обвинети за терористичкиот напад на Куманово од пред 4 години.
Досега, нелегалните прислушувани разговори се објавуваат под кодни имиња Никола Тесла, Илија Громовник, а последните од денеска под името Ел Чека, а стои дека се објавени од Чикаго.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















