Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец којподолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал. Лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот. За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден, објави Алсат-М.
„Инспекторатот утврди дека лицето со иницијали Н.П. користи препарати за лекување на пациенти кои се со стаклена амбалажа и без декларација. За работата што ја работи, нема работна дозвола. Во однос на препаратите кои ги користи за време на третманот на рак на кожа и на некои други видови на рак, а за кои поседува одредена документација, лицето е испратено до Агенцијата за лекови за верификација. Во однос на констатираната фактичка состојба, Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата Натура Медика во Џепчиште“, рекоа од здравствениот инспекторат.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















