Од 110-от баталјон на грчката војска во градот Лариса, еден или два грчки воени авиони Ф-16 се упатија кон Северна Македонија и го завршија пробниот лет, објавија грчките медиуми.
Според информациите во медиумите во Грција, не е познати дали бил еден или два воени авиони и дали доколку се работи за пар Ф-16, летале заедно или посебно, јави дописничката на МИА од Атина.
-Овие летови имаа за цел тестирање на комуникациите на грчките воени авиони со грчки радари и генерално со воздушниот систем, кој веќе ќе покрива и ќе биде одговорен за воздушната одбрана на воздушниот простор на Северна Македонија, пишува информативниот портал „Њузпост“.
-Целта на летот беше да се провери дали постојат „мртви“ области на територијата на Северна Македонија и да се испита компатибилноста на системите за детекција, пишува „Катимерини“ и додава дека по првиот пробен лет, ќе следат и други во иднина.
Грција, со нејзини воени авиони го надгледува воениот простор и на Црна Гора и на Албанија.
Грчките медиуми утрово ја пренесоа веста објавена од МИА дека во периодот од 7:30 до 9:30 часот планирани се два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор).
Целта на прелетот е проверка на комуникациите и радарската покриеност на нашиот воздухопловен простор. Прелетите се во функција на подготовката и исполнувањето на условите од страна на Република Северна Македонија во делот на воздухопловството како идна рамноправна членка во системот на колективна безбедност, соопшти Министерството за одбрана.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



