Десетина дена после стравичната авионска несреќа на московскиот аеродром Шереметјево, се појави нова снимка од принудното слетување на патничкиот авион кој се сруши на пистата, при што загина 41 лице.
На снимката може да се види како пилотот од вториот обид успева да го „приземји“ авионот, а пред тоа леталото неколку пати буквално отскокнуваше од пистата. Откако авионот конечно се приземји, задниот дел практично се распадна и се запали.
Од контролата на летот за руските медиуми соопштија дека авионот кој од Москва полетал за Мурманск со 73 патници и петмина членови на екипажот, морал присилно да слета откако гром удрил во носот на авионот.
„Поради громот, ја загубивме врската со авионот. Потоа успеавме да воспоставиме врска со помош на фреквенција за испраќање на сигнали во случај на опасност, но беше кратка и со прекини. Успеавме да размениме неколку зборови, а потоа врската се прекина“, изјавил еден од пилотите за таблоидот „Комсомолска Правда“.
Сепак, руските експерти го вперија прстот во пилотите за несреќата која однесе 41 живот. Имено, пилотите при вондредното слетување со авионот извеле опасен маневар и направиле грешка што не ги почитувале упатствата.
Не пропуштајте: Жестоки удари на пистата и рапаѓање: Патниците во рускиот авион загинаа поради грешка на пилотите
Покрај тоа, пилотите иако ја прелетале точката на прелетување, тие сепак слетале, по што нагло го спуштиле авионот кој поради тоа започнал да отскокнува од пистата. Еден од ударите бил фатален, односно поради силината задните тркала го пробиле трупот и резервоарите со гориво, по што настана пожар.