Пилотот кој загинал во пад на авион во мексиканските планини, е познат по апсењето поради врските со картелот на Ел Чапо и одбивањето да го префрли синот Муамер Гадафи, Саади, од Либија.
Воениот пилот Хуан Хозе Талавера, бил еден од 13-те лица кои настрадале пред два дена во мексиканската планина Окампо на северот на државата, пренесува “Daily Mail”.
Тој е познат по тоа што во јули 2006-та година бил уапсен на аеродромот во Тихуана заедно со уште 10 лица, поради сомнение дека работел за картелот на Хоакин Ел Чапо Гузман, односно пренесувал лица без документи и оружје.
Исто така, за него се наведува дека пренесувал кокаин за истиот картел, но не е познато колку време минал во затвор поради тоа.
Талавера во 2011-та година одбил да го префрли синот на Гадафи, Саади, од Либија во Мексико. Синот на Гадафи тогаш бил баран од Интерпол, а Талавера и уште двајца пилоти одбиле тогаш да летаат од Косово на територијата на Либија.
Во понеделникот, приватниот млазњак кој Талавера го управувал се урнал меѓу Лас Вегас, Невада и Монтереј, на северот на Мексико.



















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















