Ливерпул синоќа на сензационален начин ја сруши Барселона во пеколна атмосфера на „Енфилд Роуд“.
Скоро никој и да не се надеваше на ваков резултат, поготово ако се види дека Барселона имаше предност од првиот меч со 3:0.
Но уште еднаш се покажа дека и во големите натпреварувања, голема разлика немора да значи ништо, битно е да имате мотив и жестока публика зад себе.
За фантастичната победа на Ливерпул, Жозе Мурињо синоќа во изјава го испофали Јирген Клоп, нарекувајки го победник.
„Не очекував искрено, но реков дека ништо не е невозможно. Енфилд е едно од оние места каде ништо не е невозможно. Но морам да потенцирам, ова е победа само на Јирген Клоп, тоа е лично негова тактика, не се работи за филозофијата, ова е од срце и душа, победа која оди директно на сметка на Клоп“, нагласи Португалецот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















