Милан веќе почнал првични разговори со Лацио за гол-машината на „римските орли“ Чиро Имобиле, тврди „Скај Италија“.
Самиот фудбалер е склон да ги засили „росонерите“ дури и ако тимот не успее да поднесе жалба за исфрлањето од европските клупски турнири, но најголемиот проблем тука е шефот Клаудио Лотито, кој е доста тежок за преговори.
Изданието тврди дека засега зделката е многу далеку од остварување, но сепак гигантот од Милано ќе го направи и невозможното за да се оствари овој трансфер.
Имобиле имаше неуспешни претстои во Борусија Дортмунд и Севиља, но пред две години премина во Лацио и почна да бележи гол по гол.
Неговиот договор со тимот е до 2022 година.
Ситуацијата во Милан не е воопшто лесна, бидејќи тимот беше исфрлен од европските клубски турнири од УЕФА поради нарушување на финансискиот ферплеј.











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















