Американката Кандес Клејборн која некогаш работела во американскиот Стејт Департмент, признала дека е виновна по обвинението за заговор во соработка со кинеските агенти, соопштија од Министерството за правосудство на САД.
Како што открива американското министерство, Клејборн е обвинета дека ги лажела полициските службеници и криела контакти од кинеските агенти, како и подароците кои ги добивала од нив. За возврат, откриено било дека таа им доставувала интерни документи од Стејт Департментот.
Меѓу подароците кои ги добивала имало пари во кеш, одмори во странство, школарина за модна школа во Кина, целосно опремен стан и месечна стипендија.
Американските власти откриле дека некои од подароците директно ѝ биле давани на Клејборн, додека некои од нив им биле давани на „блиски членови од нејзиното семејство“ кои не биле именувани.
Candace Marie Claiborn was convicted of selling two Chinese agents internal documents from the State Department. She admitted to receiving tens of thousands of dollars in gifts and benefits to Claiborne and her family over five years. https://t.co/TV2rqSaiJD pic.twitter.com/tmIFCHgbb6
— Red Nation Rising (@RedNationRising) April 24, 2019
Во замена за тие подароци, Клејборн обезбедила копии на интерни документи од Стејт Департментот за низа на најразлични теми – од економски стратегии, до взаемни посети на високи функционери на двете земји, откриваат од американското Министерство за правда.
63-годишната Клејборн првобитно беше осудена во 2017-та година во пресрет на самитот на претседателите на САД и Кина, Доналд Трамп и Си Џинпинг. После признавањето на обвинението, Клејборн би можела да добие затворска казна до пет години.