Ова се трите најчести знаци дека ве изневерува

940

Приватна истражувачка од Австралија, Хани Потер, гостувала на радио и го споделила своето искуство во „фаќање“ прељубници.

Таа вели дека никогаш не им се наметнува на мажите за да ги фати во прељуба, туку тестира дали тие ќе ѝ се наметнат неа. Рекла дека во повеќето случаеви постои оправдана причина поради која нејзините клиенти се сомневаат во лојалноста на партнерот, но имало и случаеви со среќен крај.

„Некои мажи веднаш во разговорот споменуваат дека имаат сопруга и деца и гледам дека не сакаат тоа никогаш да го загубат. За мене нема подобро чувство од тоа кога ќе му се јавам на клиентот и ќе му кажам дека нема за што да се грижи.“

Потер открила три најчести знаци за неверство на кои би требало да обрнете внимание ако имате сомнеж дека партнерот ве изневерува.

Мобилен

Хани вели дека мобилниот телефон е првото нешто на кое мора да обрнете внимание, а зависно од тоа на кој начин го користи вашиот партнер, може да се открие дали крие нешто. „Големи се шансите партнерот да ве изневерува ако го крие телефонот од вас, внимава да не видите што прави на него и редовно ја брише содржината.“

Лажење за тоа каде бил/а

Ако го фатите партнерот во лага околу тоа каде бил или каде оди често, се работи за состаноци со љубовницата.

Чувства

Интуицијата е моќна алатка. Ако имате чувство дека не е во ред, секако би требало да поразговарате со партнерот. Ако тој или таа одеднаш поминува повеќе време на работа и тоа ве загрижува, секако би требало да ги сподоелите грижите со својата поубава половина.