Кога покрај себе имате луѓе кои бескрајно ве сакаат, сѐ е можно – тоа е единствениот начин на кој може да се опише видеото кое расплака многу корисници на социјалните мрежи.
Виралната снимка покажува невеста и младоженец кој е во инвалидска количка. Кога дошол моментот за првиот танц, семејството на младоженецот решило да го изненади мажот и да му ја оствари најголемата желба – да заигра со својата сопруга.
Така, неговиот татко и брат со помош на лепенки успеале да го подигнат младоженецот и да му овозможат остварување на најголемата желба таа вечер.

Видеото од венчавката многу брзо станало вирално и луѓето масовно го споделуваат, воглавно со порака дека одамна не виделе волку убав гест.













![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)


















