Се приготвува за најмногу половина час
Состојки:
- 450-500 грама бисквити со парчиња чоколадо
- 3-4 банани
- 600 милилитри млеко
- 4 жолчки
- 200 грама шеќер
- 50 грама путер
- 50-60 грама брашно
- 10 грама ванилин шеќер
За глазурата
- 30 милилитри млеко
- 50 грама путер
- 2 лажици какао во прав
- 4 лажици шеќер
Приготвување:
Загрејте 600 милилитри млеко во тенџере, но внимавајте да не зоврие. Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер. Ако смесата е премногу густа, додајте уште две лажици млеко. Постепено додавајте брашно и убаво измешајте, па постепено додавајте го и загреаното млеко со непрестајно брзо мешање.
Префрлете ја смесата во тенџере и ставете ја да врие на ниска температура. Непрестајно мешање, а на крај додајте путер и мешајте додека не се стопи.
Ставете ги издробените бисквити на дното на плехот за да го покријат дното во тенок слој, па потоа ставете еден слој крем. Потоа повторно бисквити и крем, а врз нив наредете банани исечкани на тенки крукчиња. Повторно наредете бисквити, па крем и продолжете така додека не го потрошите целиот материјал.
За глазурата, во тенџере измешајте шеќер, млеко, какао и путер. Загрејте до вриење со непрестајно мешање, почекајте да се излади, па прелејте ја врз тортата. Оставете ја тортата да се лади во фрижидер барем 3-4 часа.
Уживајте во феноменалниот десерт!

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

