„Етиопија ерлајнс“ ги приземји сите летови на Боинг по авионската нереќа

805

Американскиот производител на Боинг се соочува со прашања по трагичната несреќа што се случи вчера во Етиопија, а во која загинаа сите 157 луѓе во авионот.

„Етиопија ерлајнс“ ја приземји флотата на Боинг 737 Макс 8, соопшти авиокомпанијата на Твитер, еден ден уривањето на авионот.

„Иако уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме таа флота да ја замениме како дополнителна мерка за внимание“ наведе воздушниот превозник.

„Етиопија ерлајнс“ има флота од четири авиони 737 Макс 8, без оној што се урна вчера, според интернет страницата за следење летови „ФлајтРадар24“.

По несреќата во Етиопија и Кина утрово им нареди на своите авионски компании до 18 часот да ги прекинат летовите на авионите 737 Макс 8.

Се работи за втора таква несреќа, во октомври минатата година се урна Боинг 737 Макс 8 на индонезискиот „Лајан ер“.