Напорите на американските законодавци за воведување санкции за руските енергетски проекти и банките се граничат со рекетирање, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи го новиот закон во Конгресот на САД за санкции против Русија, пренесува ТАСС.
Според него, зад ваквите предлози апсолутно постои конкретен, прагматичен и агресивен трговски пристап, што нема никаква никаква врска со меѓународните трговски правила.
„Оваа политика понекогаш се граничи со рекетирање. Мислам на различни одредби од нацрт-законот со цел да се прекинат разните енергетски проекти на руските компании, поткопувајќи ги активностите на руските банки со државен удел”, истакна Песков.
Руската влада веќе презеде мерки за заштита на земјата од разни “рекетирачки напади” од САД, потврди портпаролот на Кремљ.
„Владата веќе создаде и усвои неколку ефикасни мерки за заштита од можните рекетирачки напади”, рече тој, одговарајќи на прашањето за влијанието на новите санкции од САД врз руската економија.















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















