Поддршка за интеграциите кои земјата ја носат напред икажале еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на денешните средби со македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
На средбата со еврокомесарот Хан, како што соопшти владината прес-служба, било констатирано дека спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното, и дека сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.

Во разговорот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш биле афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа, како и очекувањето на почетокот на ратификацијата на протоколот за членство.
Премиерот Заев потенцирал дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година.

Шефот на македонската Влада на Светскиот економски форум во Давос е придружуван од вицепремиерот задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и од министерот за економија Крешник Бектеши.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











