Полицијата денеска излезе со подетални информации во врска со страшната несреќа што вчера се случи во Скопје, а при којашто во пожар животот го загуби младо момче.
Според овие информации, вчера во 12:50 часот во СВР-Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во сервис за моторцикли „Тјунинг“, експлодирала плинска боца, при што во моментот на експлозијата, А.Ј.(27) и М.Б.(33) и двајцата од Скопје, кои работеле на сервис на мотор, се здобиле со телесни повреди.
Со телесни повреди се здобил и сопственикот на сервисот С.П. (38) од Скопје.
Вработениот М.С.(25) од Скопје бил пронајден починат, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош.
На местото на настанот извршен бил увид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Се работи на целосно расчистување на настанот.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















