Американците се повлекуваат, а на нивно место доаѓа Израел: Ќе продолжиме да делуваме агресивно во Сирија!

976

Израелците се загрижени дека заминувањето на нивниот најголем сојузник, САД, од Сирија, би можело да ја намали нивната дипломатска предност пред Русија која што е главна поддршка на сириската влада.

Израел ќе ја засили својата борба против силите во Сирија кои што се поврзани со Иран после повлекувањето на американските сили од земјата, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес.

Некои високи функционери од израелската влада истакнаа дека одлуката на Доналд Трамп за повлекување на американската армија од Сирија би можела да им помогне на Иранците да ја зголемат својата активност во оваа земја.

„Ќе продолжиме да делуваме многу агресивно против настојувањата на Иран да се зацврсти во Сирија. Немаме намера да ги намалиме своите напори. Ние ќе ги засилиме и знам дека тие ќе добијат целосна поддршка од САД“, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Исламската држава е навистина поразена во Сирија и тоа најмногу благодарение на Америка“, изјави израелскиот министер за образование, Нафтали Бенет, член на владата задолжена за безбедноста на Израел. Сепак, тој додаде дека „Иран веќе се инфилтрирани во Сирија и претставуваат закана за целиот слободен свет“.

Друг член на израелската влада задолжен за безбедноста, министерот за финансии Моша Калон, за израелското воено радио порача: „Секако дека американската одлука не е добра за нас. Но, ние знаеме дека чувањето на израелската безбедност исто така е американски интерес во регионот“.