Во Македонија утрово најстудено било Крушево и Маврово каде се измерени -6 степени целзиусови, потоа Берово, Прилеп, Тополчани, Пожаране -4, и во Куманово, Охрид, Битола, каде измерената температура изнесувала -3 степени. Најтопло било во Гевгелија каде температурата била 2 степени, а во Скопје утро температурата била 0 степени.
Висината ма снежната покривка измерена во седум часот утрово изнесувала 24 сантиметри на Попова Шапка, 13 во Пожаране, 12 во Тополчани, 11 во Маврово, 8 во Крива Паланка и Берово, 7 во Тетово, 5 во Крушево, 4 во Битола, 3 во Скопје на Зајчев Рид, 2 во Ѓуриште и 1 сантиметар во Прилеп.
Преку ноќта на северозапад и во Пелагонија имаше повремен снег. Утринава снег врнело во Битола, а повремено засилен ветер од северозапад има на повисоко и во Штип и Гевгелија повремено со брзина од 25 км/час.
Времето претпладне ќе биде умерено облачно, а од пладне претежно сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.
Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, а од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Од УХМР најавуваат дека следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштат под нула. Повремено по котлините ќе има услови за појава на магла особено утре и за време на викендот. Утре кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста од запад и во петок претпладне ќе има повремени претежно од дожд на пониските места.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











