Пациент оди на закажан преглед кај офталмолог на скопските клиники, но лекарот е на боледување. Се враќа дома без дијагноза и со повторно малтретирање и закажување на Мој Термин.
Ова е само еден од примерите што се случува кога специјалистите имаат слободен ден, боледување или се на годишен одмор, а имаат закажани термини во ординациите.
Од Управата за електронско здравство велат дека вакви случаи не смее да има. Согласно законот, лекарот мора да го пријави отсуството а болницата каде работи да го извести пациентот телефонски или со смс порака дека имаат можност да ги прегледа заменски лекар. Доколку инсистираат на избраниот, тогаш ќе чекаат да се врати.
-Членот 39 од Законот за здравствена заштита јасно прецизира што и како треба да биде регулирано кога лекарот не е на работа. Ако има оставено уреден телефон од болницата мора да одредат лице кое ќе ги информира пациентите за отсуството на лекарот и ќе им понуди можност за преглед кај друг, или пак, да чекаат кај лекарот што го избрале доколку тоа е во догледно време велат од Управата за електронско здравство.
Доколку пациентот оставил уреден телефонски број на упатот а не го известиле од болницата дека леркарот е отсутен, тогаш, согласно законот има право да бара надомест за патни трошоци.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

