Загадениот воздух ја зголеми побарувачката на заштитни маски низ аптеките и продавниците кои се специјализирани за нивна продажба.
Нивната цена се движи од 200 до 899 денари, а најмногу се бараат тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките.
На социјалните мрежи, исто така, можат да се забележат зголемен број огласи на кои се нуди не само продажба на маски туку и прочистувачи на воздухот во просториите, но и боци со кислород.
Граѓаните, освен по аптеките и во специјализираните продавници, маските ги набавуваат и од платформата за интернет-продажба „Али експрес“, каде што чинат 10 долари и се со различни дезени и бои.












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















