Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, ги повика претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, утре да присуствуваат на состанок.
„Се очекува двајцата лидери да ја повторат подготвеноста за интензивирање на работата за постигнување правно-обврзувачки договор за сеопфатна нормализација на односите клучни за европскиот пат на двете земји“, соопшти прес-службата на Федерика Могерини.
Односите помеѓу Белград и Приштина повторно се затегнати поради таксата од 10 отсто за увоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина што ја воведе Косово. Европската Унија побара од Косово да ја отповика мерката, а Србија најави прекин на преговорите за стабилизирање на односите со Приштина додека не се укинат новите давачки.













![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)




















![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-100x70.jpeg)

