Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави дека е завршен процесот на откупување и безбедно уништување на повеќе од 2.200 неексплодирани гранати и рачни бомби од Првата светска војна во близина на Битола кај „Тумба кафе“. Оваа акција обезбедува поголема безбедност за граѓаните и ги повикува граѓаните да пријавуваат информации за опасни убојни средства.
Процесот на откупување и безбедно отстранување на поголем број на неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби од Првата светска војна во непосредна близина на последните куќи во Битола кај „Тумбе Кафе“ околу 200 метри воздушна линија најпосле е завршен, објави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Пиротехничарите на дирекцијата за заштита и спасување последните денови ја заокружија бројката на 2 262 неексплодирани тромблонски гранати и рачни бомби кои што приближно тежат околу 1 тон и 100 килограми, а во себе секоја една од нив содржи по околу 60 грама експлозив или вкупно овде пред нас имаме околу 135 килограми експлозив како дел од убојните средства“, рече Ангелов.
Тој упати благодарност до пиротехничарите на дирекцијата и еден од двајцата професионално вработени пиротехничари Ѓорѓи Стефанов
„Ѓорѓи ти благодарам и голема благодарност до тројцата поранешни припадници на МВР, сега ангажирани со договор за дело во дирекцијата, мои драги соборци од 2001 година, Тошевски Тони поранешен припадник на тигрите, Зоран Смилевски поранешен припадник на тигрите и Пеце Кокаровски поранешен припадник на одделот за антитероризам во МВР, како што реков сите мои драги соборци од 2001, денес повторно заедно со нови предизвици и нови задачи, а тоа е безбедноста на граѓаните“, рече Ангелов.
Тој ги повика сите граѓани кои што имаат информации или забележале неексплодирани убојни средства без разлика дали се работи за рачни бомби или други типови на гранати, бомби и минофрлачки гранати, веднаш да пријават на 112.
![[ВИДЕО] Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај „Тумба кафе“ во Битола](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/pyHx6-granata-granati-218x150.webp)












![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)















![[ВИДЕО] Пронајдени и уништени 2.262 гранати кај „Тумба кафе“ во Битола](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/pyHx6-granata-granati-100x70.webp)



