Најмногу дожд во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово на Попова Шапка

25

Најмногу дожд наврнало во Демир Капија изминатите 24 часа, најстудено утрово е на Попова Шапка, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоците на УХМР до 8:30 часот, најниска температура денеска е евидентирана на Попова Шапка. Таму е регистриран 1 Целзиусов степен. Потоа следуваат 4 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 5 во Крушево, 6 во Крива Паланка и Берово, 7 во Претор, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Тетово и Прилеп, 9 во Скопје-Петровец, Битола, Велес и Виница, 10 во Штип, Кавадарци и Демир Капија, 11 во Струмица и 13 во Гевгелија.

До 7 часот утрово, за изминатите 24 часа најмногу врнело во Демир Капија, каде биле евидентирани 50 литри на квадратен метар. Потоа следуваат 45 – Гевгелија, 43 – Попова Шапка, 38 – Крушево, 34 – Струмица, 27 – Кавадарци, 24 – Берово, 20 – Скопје-Петровец, Битола, 17 – Штип, Виница, 16 – Претор, Прилеп, 15 – Тетово, Велес, 13 – Охрид, 12 – Скопје-Зајчев Рид, 10 – Лазарополе, 8 – Крива Паланка, Куманово.

Синоптичарите најавуваат врнежи од дожд и во текот на денов. Се очекува дождот да запре кон крајот на денот. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје, исто така, е најавено облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 12 Целзиусови степени.