Сиљановска-Давкова ѝ ја честиташе победата на Јотова на претседателските избори во Бугарија

44

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и ја честиташе победата на Илијана Јотова која победи вчера на претседателските избори во Бугарија.

-Во име на македонските граѓани и од мое лично име им ја честитам изборната победа на претседателката Илијана Јотова и потпретседателот Кирил Валчев. Успехот на претседателката Јотова ја одразува волјата на бугарскиот народ. Уверена сум дека за време на нејзиниот мандат, Бугарија ќе одигра конструктивна улога во нашиот регион и во Европа – напиша претседателкат на мрежата „Х“.

Претседателката изрази уверување дека ќе ја продолжат меѓусебната соработка со меѓусебна почит, отворен дијалог и искрено партнерство.

– Со добра волја можеме да ги надминеме постоечките предизвици, да ги зајакнеме македонско-бугарските односи и да го унапредиме мирот, стабилноста и просперитетот – додава Сиљановска Давкова во објавата.

Кандидидтската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев вчера победија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија со 57,58 отсто од гласовите, додека Андреј Ѓуров и Георги Кандев добија 39,47 проценти.