Мицкоски ќе присуствува на отворањето на новиот погон на „ВИК“ во ТИРЗ Прилеп

111

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на новиот производствен погон на компанијата „ВИК“ (WIK) во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Прилеп.

Како што соопшти Владата, настанот ќе почне во 11 часот, а по посетата и отворањето на погонот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.